Јапонските научници на ноевите им инјектирале неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ-светлина кога вирусот е присутен. Претседателот на Универзитетот и водач на проектот, Јасухиро Цукамото лично се уверил во откритието и рече дека и самиот бил заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски.
– Можеме масовно и евтино да произведуваме антитела од ној. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи, рече Цукамото.
Планот е неговиот тим да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од Владата за продажба на маските следната година.