Нов режим за турски државјани
Од крајот на октомври, откако Владата на Црна Гора привремено воведе визен режим за турските државјани, речиси девет илјади Турци ја напуштиле земјата. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за „Вијести“ соопшти дека во истиот период биле поднесени 320 барања за визи, од кои 194 биле одобрени, 29 одбиени, а 97 се уште се обработуваат.
Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ нагласи дека визите би можеле да бидат укинати „за 10 до 15 дена“, но точниот датум сè уште не е утврден.
Причини и економски загрижености
Одлуката за повторно воведување визи следеше по инцидент во подгоричко Забјело, кога беше ранет 25-годишен маж. Иако полицијата првично посочи турски државјанин како осомничен, подоцна се утврди дека нападот го извршиле двајца Азербејџанци.
Овој потег предизвика реакции и страв од економски последици, бидејќи турските инвеститори се значаен дел од црногорската економија, со капитал присутен во околу 20 отсто од регистрираните фирми. Експертите истакнуваат дека земјата мора да изработи јасен план за усогласување со ЕУ за да спречи злоупотреби и проблеми со миграциите.
Ксенофобија и безбедносни мерки
По воведувањето визи се случи низа ксенофобични инциденти: напади врз турски локали, пожари во објекти, обиди за насилство и организирање „народни патроли“ кои бараа Турци низ населбите. Полицијата уапси повеќе лица за насилство, потпалувања и ширење омраза, со цел да се обезбеди редот и безбедноста на граѓаните.
