Опозициските функционери се соочуваат со страв од правна одговорност по промената на власта. Од партијата посочуваат дека обвинувањата што ги пласира опозицијата се само обид за дефокусирање на јавноста од нивните претходни постапки.

Во реакцијата директно се прозиваат претставниците на СДСМ за соработка и местење милионски договори.

„Венко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност. И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери“, се вели во партиската реакција на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ.

Од владејачката партија исто така истакнуваат дека постои обид за институционална заштита од судски процеси.

„Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната. И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува. А, затоа што слугуваа кому стигнат за да си ги наполнат џебовите затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.