Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во скопската населба Шутка бил пронајден починат М.Ф., од Скопје.

Во полицискиот билтен се вели дека смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.