На 18.04.2026 во 04:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.К. од Косово, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет оштетил продажно место во круг на приватна болница на подрачјето на Карпош.
Предметот му бил одземен, а по насока на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје спроведен е во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.
