Во семејниот дом во селото Стојаково, општина Богданци, вчера бил пронајден починат 66-годишниот Б.С., информираа од ОВР Гевгелија.
Според првичните информации, лекарскиот преглед не покажал видливи траги на насилство.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Истражните органи работат на расветлување на случајот.
Извор: Курир