Дмитри Медведев, заменик шефот на Рускиот Совет за Безбедност, со кој претседава Претседателот, Владимир Путин, денеска изјави дека секој обид да се постапи по налогот за апсење на шефот на руската држава од Меѓународниот Кривичен Суд, ќе значи „објава на војна“.

Коментирајќи дали заканата од можен нуклеарен судир се намалила, Медведев оцени дека не само што тоа не се случило, тука таа и се зголемила.

„Секој ден странските оружја се испраќаат во Украина и на крајот на денот тоа предизвикува заканата од нуклеарна апокалипса да биде се поголема и пореална“ – вели Медведев.

Коментирајќи го можното хипотетичко сценарио за апсење на Путин во Германија, врз основа на изјавата на германскиот министер за правда, по налогот на судот во Хаг, Медведев изјави дека во тој случај сите руски ракети ќе полетаат кон Бундестагот и канцеларијата на германскиот канцелар.

„Очигледно ова е сценарио кое нема никогаш да се реализира. Но, да си замислиме за секунда дека ќе се оствари, дека актуелен шеф на нуклеарна сила замине на територијата, на пример, на Гарманија и таму е уапсен. Што е тоа? Објава на војна против Руската Федерација. Во тој случај, сите наши средства – ракетите и слично – ќе полетаат кон Бундестагот, германскиот канцелар и слично“ – вели Медведев.