Владината коалиција застанува на цврсти нозе
Очигледно е дека по првичната некоординираност сега веќе владината коалиција застанува на цврсти нозе. Власта која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а придружена е од албанската коалиција Вреди и партијата ЗНАМ очигледно целосно ги надмина несогласувањата. По првичната најава на министерот од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев дека ќе се укине Балансерот, истото сега го потврди и првиот вицепремиер Изет Меџити. Оттука, пропаднаа во вода најавите дека „владата стои на стаклени нозе“ кои ги сервираа партиските послушници од СДСМ и ДУИ.
Меџити: Балансерот е веќе надвор од својата функција и има контраефект
Балансерот е веќе надвор од својата функција, и последните години има контраефект, но имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и за системот за вработување според квалитет, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, првиот вицепремиер Изет Меџити.
Посочи дека балансерот бил во функција на спроведување на Рамковниот договор и правична застапеност на помалите заедници во државната и јавната администрација. Барајќи излез со невработеноста, луѓето преку овој механизам лажно се изјаснувале за својата националност.
ДУИ: Ова е почеток на колапсот на меѓуетничките односи
Од ДУИ со став-одлуката на Уставниот суд да почне постапка за оценување на уставноста на балансерот, е само почеток на колапсот на меѓуетничките односи изградени со големи тешкотии.
„Прашањето за укинување на балансерот ќе отвори многу нови проблеми во наредниот период кои можат и ќе доведат до рушење на основите на Охридскиот договор. А ова и сами да владеат, без Албанците, ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ немале да го постигнат. Жалосно е затоа што пропаѓањето на Охридскиот договор се случува додека во владата е и коалицијата која изгуби на изборите во албанскиот блок, Вреди, кои се заслепени од неколку владини функции“, стои во соопштението од ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ на иста релација: Балансерот е непотребен
Претходно и од ВМРО-ДПМНЕ се огласија на оваа тема. Според нив системот на балансер треба веднаш да се напушти, вработувањата во администрацијата треба да биде стручни и високообразовни луѓе.
Досегашниот систем на вработување на администрацијата донесе неквалитет и неажурност, со што се создава голема неправедност и нефункционалност. Антимакедонската СДС и невниот коалиционен партнер ДУИ го користат овој систем за вработување на партиски послушници. Во неколку наврати само последниве месеци македонската јавност беше сведок како македонци се пишуваат албанци или пак турци или роми само за да добијат работно место, злоупотребувајќи го балансерот како систем за вработување. Напредокот и вработувањата треба да биде базарина на знаење, квалитет и стручност, а не на припадност на етнича заедница. Треба да имаме граѓански пристап при вработување во администацијата, тоа значи секој квалитетен кадар, и со вештини и знаење треба да бидат вработени во јавната администрација. Треба да се започне со создавање на систем за граѓаните, за квалитетни услуги за граѓаните, а не за неколку политички моќници. Потребна е администрација која ќе работи ажурно, навремено и квалитетно за граѓаните, изјавија пред извесен период од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е за укинување на балансерот
Во СДСМ се за укинување на балансерот. Тој мора да претстави соодветен систем на наградување, но со строги критериуми. Треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука, нагласуваат социјалдемократите.
Уставниот суд реши привремено да го замрзне балансерот додека да одлучи дали тој е уставен или не. Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти оспорени од Државната комисија за спречување корупција.
Усвтавен суд е на потег
Сите јавни институции ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи привремената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката балансер за вработувањата во јавната администрација – информираа во Министерството за јавна администрација.