Здравството е во многу лоша кондиција и мора сите заедно да работиме да го подобриме, вели министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за Топ Тема.

Министерствот за здравство е океан без дно и секогаш требаат средства. Имало средства и досега, низ сите клиники, но како се реализирале, тоа не знам, вели Меџити. Додава дека на секои шест месеци ќе им бара на директорите на Клиниките извештај што се е реализирано, и ќе има еден вид внатрешна ревизија. Објаснува дека за една деценија инвестициите во здравството се намалени, во 2013-година имало 41 милиони евра за капитални инвестиции, за оваа година да има само 8, 86 милиони евра што според Меџити е катастрофално, пренесува Телма.

Ова апсолутно не е во ред и овој тренд мора да се прекине, затоа јас секоја седница на Влада барам повеќе средства и во Владата веќе ме викаат „еве го овој што секогаш бара пари“. Не седам јас во кабинет, сакам за една година, до пред изборите да ги посетам сите здравствени институции низ цела Македонија. За Штип е вистина, тоа што го видов таму е срамота. Таму има фантастични доктори кои добро работат, но не заслужуваат такви услови. Мора да го смениме менталниот склоп и да почнеме сами од себе, вели Меџити.