Премиерот Мицкоски најавува крупен меѓувладин договор со моќна европска земја
Нова инвестиција. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека во април и мај се очекуваат извонредни вести за македонските граѓани. Тој информираше дека Владата е во завршна фаза на преговори за меѓувладин договор со силна европска земја. Вредноста ќе се брои во милијарди евра. Средствата ќе бидат наменети за стратешки проекти во инфраструктурата и здравството.
(ВИДЕО) Изјави на премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски од посетата на општина Ѓорче Петров
Инвестиција кој ќе ја зајакне економијата
„Очекувам многу добри вести за македонските граѓани во текот на април и мај. Станува збор за меѓувладин договор со една од најмоќните европски држави, чија вредност нема да се мери во милиони, туку во милијарди. Овој договор ќе значи инвестиција во инфраструктурата и здравството, а можно е и проширување на портфолиото“, истакна Мицкоски.
Според него, вредноста на овој проект ќе надмине 10% од бруто-домашниот производ на земјата. Тоа го прави еден од најзначајните економски потфати во поновата историја.
Конечните детали наскоро ќе бидат објавени
Премиерот не откри конкретни детали за проектите, но нагласи дека преговорите се во завршна фаза.
„Многу скоро јавноста ќе биде информирана за овој договор. Ова ќе биде исклучително позитивна вест и значаен пресврт. Владата секојдневно работи за доброто на граѓаните и економијата“, додаде Мицкоски.
Со оваа инвестиција, Македонија очекува значителен развој во патната и железничката инфраструктура, како и модернизација на здравствениот систем, што ќе придонесе за поквалитетен живот за граѓаните.
Извор: Република