Сега извор близок до кралското семејство тврди дека тоа не е можно бидејќи принцот Чарлс не сака неговиот внук да биде во редот на наследници.

Сепак, тоа не е сè бидејќи Чарлс веќе размислува како крал, а кога ќе седне на престолот повеќе ништо нема да биде исто, тврди изворот. Тој ќе се потруди Арчи никогаш да не добие титула ниту да биде дел од кралското семејство како и дека ќе ги скрати сите трошоци „за некои луѓе да не можат да го искористуваат својот статус“.

Војводата и војвотката од Сасекс наводно веќе се запознаени со ваквата одлука на Чарлс и не се задоволни. Иако нивните односи веќе со месеци се на стаклени нозе, планот на идниот крал само дополнително го разбеснил парот, тврдат странските медиуми.

Една од причините поради која Чарлс сака да го намали бројот на членови е и финансиската криза, со оглед на тоа дека интересот на јавноста за кралското семејство секој ден станува сè помал и помал.

Експертите сметаат дека Арчи сепак по 18-та година ќе може сам да одлучи дали ќе ја прифати титулата или не и додаваат и дека неговиот дедо сега сè уште не може да одлучува за таквите потфати. Тие сметаат и дека првиот потег на идниот крал сигурно нема да биде отфрлање на родените внуци, но не ја занемаруваат таа опција.