По налог на обвинителството, полицијата досега обезбеди 5-мина од осомничените за случувањата во Онкологија поради сомнежи за продажба на цитостатици и лекови и поради други злоупотреби.

Покрај поранешниот директор на Клиниката Нино Васев, приведен е и поранешниот економски (организациски) директор на клиниката Нехат Нухи, објави Телма. 

Покрај Васев уште две лица се уапсени на клиника, а една лице е повикано на распит во рамките на полициската потрага. Меѓу оние што се однесени во обвинителството на распит се и Спиро Дамески, Славица Спасовска и Елена Џонова.

Од обвинителството кратко соопштија дека истрагата е во тек, обезбедени се и задржани 4 лица, а едно лице било повикано за да даде информации во истрагата. Извршени се претреси на три локации.

Скопското обвинителство отвори предистрага за случајот по повеќе новинарски истражувања. По неколку месеци прибирање докази, истрагата со поднесување кривична пријава е отворена рано утрово. Дел од приведувањата и апсењата се одвивале и на самата Клиника пред пациентите кои се лекуваат.