„Ер Франс“ имаше увид со заклучоците на Европскиот совет и ги прекинува до следна наредба летовите на авионите во воздушното пространство на Белорусија,се вели во соопштение од авиокомпанијата.
Претходно и германската авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека привремено ги прекинува летовите во белорускиот воздушен простор по присилното слетување на патнички авион во Минск, поради наводни сознанија за можен терористички напад.
-Со оглед на развојот на моменталната состојба, засега ги прекинуваме активностите во воздушниот простор на Белорусија ,соопшти „Луфтханза“.
Принудното слетување на авионот на „Рајанер“ и апсењето на Протасевич беа тема на разговор вчера во Брисел. Шефовите на држави влади на ЕУ се согласија дека Европската Унија треба да воведе низа рестриктивни мерки кон Белорусија, а меѓу предложените санкции што се очекува Советот на ЕУ формално да ги усвои беше и забраната за прелетување на авионскиот простор над ЕУ за белоруските авиокомпании.