Лидерот на Демохристијаните (ЦДУ), Фридрих Мерц, по објавувањето на првичните резултати од излезните анкети, ја изјави победата на неговата партија на денешните парламентарни избори. Мерц се обрати пред присутните во Берлин. Изрази благодарност до бирачите за довербата, која, како што рече, носи голема одговорност.

Според непотврдените резултати, ЦДУ, заедно со својата сестринска партија (ЦСУ), освоија 29 отсто од гласовите. Мерц ја истакна важноста на брзото формирање коалиција.  Посочи дека Германија не може да чека.

“Надворешниот свет нема да нè чека”, рече Мерц и нагласи дека коалицијата треба да биде формирана што поскоро.

Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на чекор до канцеларската функција

Мерц беше свесен за обемот на задачите што ги чекаат и додаде дека со голема почит ја презема одговорноста што му ја дадоа бирачите, додавајќи дека партијата е подготвена да започне со активни преговори за коалиција.

Процесот на формирање влада ќе биде од клучно значење за Германија, а Мерц истакна дека коалицијата ќе мора да биде стабилна и да има парламентарно мнозинство за да може успешно да води земјата.

Извор: Телма