Браќата Њокас, како што е соопштено, потпишаа договори на две години и се првите Французи во клупската историја на Металург.
Десниот бек Кевин Њокас кариерата ја почна во ПСЖ во 2006 година, по што го носеше дресот на Шамбери, Гепинген и Гумерсбах, а oд 2018 година е дел од Бенфика од каде и доаѓа во Металург. За репрезентацијата на Франција одигра 41 натпревари, освојувајќи златни медали на Европското првенство во 2014 и на Мундијалот во 2015 година.
Неговиот брат близнак Оливие, кој игра на позицијата лев бек, претходно во кариерата настапуваше за ПСЖ, Алкобендас, Кретеј и Балинген, а последните пет сезони ги мина во Нант, како соиграч на селекторот и капитен на македонска репрезентација Кирил Лазаров. За репрезентацијата на Франција одигра 32 натпревари и е носител на сребрен медал од Олимпијадата во 2016 и на златен медал од Светското првенство во 2017 година.