Активиран е метеоаларм за целата територија на Македонија поради најавените високи температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Предупредувањето се однесува на целиот регион и бара соодветна претпазливост од атмосферските услови.

Од УХМР преку своето соопштение алармираат:

„МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 21.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“.

Метеоролозите апелираат на почитување на општите препораки за заштита од високи температури во текот на целиот ден.