Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака околу тоа.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври, соопшти Сојузот.

Според порталот „Далмација“, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци.