Доколку некоја работа не се смени, затоа што слушаме дека доаѓаат гласини дека она што е договорено, а било договорено неколку чекори да бидат завршени односно да бидат реализирани пред време во однос на Алтернатива, не се случиле. Меѓутоа се е отворено, стојат опциите отворени и гледаме дека СДСМ го промовира веќе како мандатар господинот Димитар Ковачевски, а впрочем и тоа значи продолжување на политиките на Зоран Заев, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „24 анализа“.

Мицевски додаде дека можеби и ВМРО-ДПМНЕ да состави Влада бидејќи поради политичката состојба во државата се е во игра.

„Гледајќи ја политичката состојба во државата и она што се случува од страна на мнозинството и незадоволствата кои што се јавуваат се е во игра“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека на крајот од денот ќе се види со какво мнозинство ќе се презентира СДСМ.