-Сакам да им пратам порака на скопјани, да им кажам дека се ќе слушнат од политичкиот противник ср, па дури и дека сме дијагноза. А од истиот тој човек кој ги нарече дијагноза во наредните денови мислам дека може да се слушне се, кажа Мицкоски говорејќи за поддржувачите на Шилегов.

Според него ваков човек на скопјани не им треба.

-Мислам дека тоа на скопјани не им треба, да и дадеме шанса на Данела која има идеи, капацитет. Таа успешно ја водеше Комората, а таму се бизнисмени, има претставници од сите националности, бизнисот знаете како функционира, рече Мицкоски.