Бидејќи претседателот и премиерот најавија помош за утре, Мицкоски им порача:
– Не до утре да чекаат, денес да дојдат веднаш затоа што тука состојбата е алармантна. Да не чекаат до утре да се разбудат од прославата, веднаш да се нацртаат овде и веднаш да дојдат екипи да го гасат пожарот овде во Кочани. Да престанат да слават прослави кои за себе си ги подготвија и трошат на народот пари, тука да дојдат да го гасат пожарот. Ако не им е срам да се појават пред народот, порача Мицкоски.