– Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса, рече Мицкоски.
Прашан, дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, на што Мицкоски рече дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца, двајца лидери од двете најголеми политички партии односно партии кои имаат најголем број пратеници во парламентот.
– Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е искрена. Целта ми е да постигнеме конценсуз меѓу двете најголеми политички партии, додаде Мицкоски.
Додава дека ќе разговараа на сите теми од, корона, вакцини, блокирање на ЕУ интеграции, избори, експертски и широки влади, национален спас и слично.