Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

Мицкоски тоа го посочи и како одговор на обвинувањата на соработникот на Али Ахмети во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила Албанец технички премиер на владата.

– Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини, и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните. Ако таквата личност биде предложена од најголемата партија во парламентот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец.

Тоа можеме да го видиме ако се охрабрат и излезат на избори, рече Мицкоски додавајќи дека еве им можност и на Гаши да се покаже но и ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него наместо Ковачевски за мандатар на владата.