-Почитувани припадници на ромската етничка заедница,
Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.
Сите граѓани на Република Македонија заслужуваат подобар живот и сигурна иднина.
Ромите денес ја немаат потребната поддршка од државата, напротив тие како и сите други граѓани го живеат ова тешко секојдневие на сиромаштија, нееднаквост и разградување на институциите.
Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во државата кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина.
Oд мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.
Нека Ви е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, пишува Мицкоски во честитката.
Мицкоски го честита Меѓународниот ден на Ромите: Сите граѓани на Македонија заслужуваат подобар живот
М
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.