Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Само интервју“ на телевизија Канал 5 истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат план како Македонија да дојде до преговорите со Европската унија, а за тоа да се оствари на државата прво и се потребни избори.
Мицкоски додаде дека после изборите и добиената поддршка од граѓаните во државата ќе се имплементира план кој содржи три столба кои се економски, политички и национален, додавајќи дека за тоа да се реализира дури на власта и беше понудено да се оди на избори без техничка влада.
„Прво, мора да имаме избори. Еве бројките во Парламентот викаат дека овие не сакаат предвремени парламентарни избори иако ние понудивме да нема и техничка влада. Им рековме еве вие организиравте Пржино еден, Пржино два, обоени револуции, уништувавте, мачкавте, бојадисувавте, правевте, рушевте. И рековме ние сме подготвени да одиме на избори и без техничка влада. За предвремени избори им понудивме и последна дата да биде 11 јуни, дека не треба техничка влада, министер за внатрешни да остане Оливер Спасовски и нивната министерка за труд нека остане, не мора ние да предлагаме наши заменици, сите да бидат од нивните влада, а ние ќе го презентираме нашиот план пред граѓаните. Ако нашиот план добие поддршка, односно ако ВМРО-ДПМНЕ добие поддршка тогаш ние ќе го примениме нашиот план“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не може да знае дали ќе се случат уставните измени, но дека едно знае, и тоа дека нема да се помести ни милиметар, ако планот кој што го предлагаат не се исполни и тоа треба секој да го знае.
„Во економскиот дел ќе ви кажам. Во Македонија ние зборуваме за европска иднина, а луѓе газат кал во центарот на градовите, немаат вода за пиење, немаат канализациони и одводни системи. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, оваа година ќе изготват 748 проекти. Ако некој сака да ја види Македонија во Европска Унија, ајде да обезбедиме основни елементарни услови за живот“, истакна Мицкоски отрувајќи што содржи економскиот столб во планот за Македонија.
Патот на Македонија е кон Европската Унија и за тоа е треба да има никој дилема но вистинското прашање е што добива Македонија од отстапките, и дека власта првенствено треба да се посвети да обезбеди елементарни услови за живот на македонските граѓани, да има асфалт на секоја улица и од секој дом, да секој дом да се донесе вода за пиење, наместо граѓаните со кофи да полнат.