Имаме политики во економијата кои ќе носат развој и прогрес. Ако е општ заклучок на граѓаните дека Македонија за жал денеска е нефункционална држава, ние мораме мораме најпрвин политички да ја направиме функционална држава, бидејќи бизнисот и политиката се два процеси кои еден без друг не можат, и тоа е така и во развиени демократии, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарско прашање.
– Политиката е таа која има задача да ја направи Македонија функционална држава, тука пред се мислам на држава во која ќе владејат законите за сите подеднакво, каде ќе има јасни, предвидливи и однапред дефинирани политики во консултации со бизнисот, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води јасна и предвидлива даночна политика, да нема осцилации, како досега рамен, па прогресивен данок итн.
– Мора да имаме институции кои ќе бидат ослободени од криминал и корупција. Луѓето кои ќе ги водат тие институции да бидат чесни со визија и план како да ги управуваат, а не прострујува во јавноста основано сомневање за криминал и корупција. Во делот на проектите како ВМРО-ДПМНЕ имаме силни адути кои се дел од нашата програма Платформа 1198, имаме јасни политики и јасни проекти кои ги презентиравме, така што еден од проектите е инвестиции кои ги планираме во делот на децентрализација на средства од буџетот кон единиците на локална самоуправа, 250 милиони евра годишно или 1 милијарда евра во еден 4 годишен мандат, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека кога ветувате и кога излегувате пред граѓаните мора да се внимателни затоа што ако ветувањата ако не ги реализирате тие продуцираат разочарувања.
Гледаме денеска дека се празни државата затоа што луѓето не гледаат иднина. Ние не сме чудотворци, но имаме програма која нуди развој и држава средена у функционална, изјави Мицкоски.