Вечерва во емисијата „Јанко јади бурек“ на телевизија Сонце телефонско јавување имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека ќе биде интересна оваа македонска пролет, треба внимателно да се следи и ќе се увидат резултатите на тоа што ќе се случува во периодот кој следи.

Јас очекував дека тоа што се случи дека ќе се случи, големо е незадоволството кај граѓаните, сето ова ескалира, за тоа вчера масовно луѓето излегоа за да пред се дадат поддршка на лицата кои што се неправедно осудени за дело кое што не го направиле, а тоа е тероризмот. Но истовремено гневот и револтот кој што во себе го чувствуваат кон сета онаа неправда која што во општеството е се присутна, кризата во здравството, образованието, еве гледаме како онаа фарса која што ни се случува со учебниците односно министерката која што се обидува да ни ја продаде, таа општествена неподдршка и револт предизвика со таа глупост која што сака да ја протне во јавноста. Десетици илјади наши сограѓани изгубија работа, компании се затворија, стотици компании го изгубија својот бизнис, практично сето она кое што денеска се случува на полето на здравство, луѓе губат живот на дневна основа, денес повторно имаме 30-тина починати, во просек изминативе неколку дена имаме од 30 до 50 починати секој ден, немањето на вакцини сме убедливо на дното на Балканот и во Европа, чекаме некој подарок да добиеме, последно што разбрав ќе позајмуваме од соседна Србија од плејадата кинески вакцини за да евентуално кога ќе стигнат да ги вратиме, се низа од ситуациите поради кои граѓаните излегоа на протест, истакна Мицкоски во телефонско јавување во емисија „Јанко јади бурек“ на телевизија Сонце.

Мицкоски додаде дека лошата состојба во државата е исто така причина зошто граѓаните излегоа на протест.

Масовноста на народот покажа дека се обединува околу идејата да оваа неспособна Влада да биде поразена на следните избори кои што ќе се случат дали тоа ќе бидат локални или предвремени парламентарни збори, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека луѓето од власта нема што да понудат, само рушат и дражавата ја враќат назад.

Тоа е практично причината што ВМРО-ДПМНЕ вчера заедно со би рекол Македонците од дијаспората, заено со сите овие други политички партии кои што дадоа поддршка на овој протест се обединија вчера. Тоа беше огоромно мнозинство, огромна маса на луѓе кое што излезе да протестира против сите овие погрешни политики на власта и истовремено да дадат поддршка на луѓето кои што се неправедно осудени и се наоѓаат во затворите, посочи Мицкоски.