– Секој зрел политичар, секој политичар кој што и мисли добро на Македонија без разлика дали е тој во СДСМ, дали е дел од политичките партии во Коалицијата на СДСМ, дали е од ДУИ, без разлика, ако и мисли добро на државата и на граѓаните нема повеќе да го подржува ова мнозинство во Парламентот. Бидејќи очигледно дека ова мнозинство во Парламентот Македонија ја води во амбис, нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека тоа ВМРО-ДПМНЕ како опозиција во тој момент кога увиде дека волјата се прекршува, дека луѓето се беспомошни, граѓаните се оставени сами на себе и се ВМРО-ДПМНЕ се обиде да помогне и со тоа ја покажа и докажа зрелоста.
– Тоа не значи, ќе повторам дека сме се откажале од нашата намера да формираме ново парламентарно мнозинство. А, тоа парламентарно мнозинство ќе води многу подобро државата споредбено со ова парламентарно мнозинство, појасни Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека поголемиот дел од коaлициските партнери на Зоран Заев се чувствуваат измамено и разочарано.