Основната наша битка во овие избори беше дека конечно после 30 години порази, после 30 години криминализирање на сите пори во општеството, ќе го ослободиме општеството, ќе се работи по Закон, ќе се работи по процедура, ќе се работи чесно и ќе се работи исполнително. Тоа е она што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и го започнаа веднаш по преземањето на Општините“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски посочи дека им порачал на своите градоначалници да работат чесно и да бидат со народот.

Јас тоа го кажував на настаните, на митинзите пред и за време на кампањата, да работат чесно, да работат принципиелно, да работат вредно бидејќи мораме да ја промениме сликата за политичарот во Македонија. Затоа што сликата за политичарот во Македонија помеѓу граѓаните е навистина дека станува збор за прилично криминализирани структури на општеството и луѓе кои што работат спротивно на Законот. Но, тоа е така затоа што 52 месеци имаме таква власт која што дојде за да се свети и да пљачка од народот. Затоа ние мора многу да работиме и да ја промениме таа слика, да ги охрабриме граѓаните, да ја вратиме мотивацијата кај граѓаните, да работат во институциите чесно и одговорно. Затоа што само на тој начин можеме да изградиме правилно општество, правилна општина потоа и правилна Македонија – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа е неговата основна порака до градоначалниците кои што победија од ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи само со чесна работа може да се изгради подобро место за живеење.