За да имаме силна економија и развиена држава, во која ќе владее правото, потребно е Владата и институциите да бидат транспарентни и отчетни. Исто така, потребна е рационализација на државната управа и институциите, затоа што имаме институции со двојна улога и ингеренции, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ќе вложиме во дигитализацијата, со што ќе ја олесниме и подобриме работата, а ќе ја намалиме ситната административна корупција.
Мораме да најдеме начин да ги задржиме луѓето дома, да им дадеме работа и повисоки примања. За кратко ќе има политичка гарнитура која сериозно ќе се занимава со државата, додава Мицкоски.