Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Јарослав Лудва.
На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка, економска состојба, како и евроинтегративниот процес на земјава.
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцираше дека власта многу тешко се справува со економската и енергетската криза, а сето тоа лошо влијае на животниот стандард на граѓаните.
Воедно, Мицкоски истакнал дека покрај економската и политичка криза, владата ја турка државата и во нова политичка криза, нагласувајќи дека единствен излез од ваквата катастрофална состојба се одржување на предвремени парламентарни избори од кои бега Ковачевски и СДСМ, поради слабиот рејтинг, неработењето и немањето капацитет да обезбедат иднина за граѓаните.
Мицкоски го информирал Лудва дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека европските интеграции треба да бидат според Копенхашките критериуми, а не според условување за историјата од страна на соседна Бугарија.
Мицкоски му се заблагодарил на Лудва за досегашната соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.