Претходно, Град Скопје соопшти дека скалата чинела поскапо заради тоа што имала дополнителна опрема и се разликувала од онаа која ја набавила Хрватска.
Мицкоски посочи дека нема никаква дополнителна порака. Дека скалата е стандардна, со стандардна опрема, а за неа преку фирмата “Армор”, чии сопственик е зетот на секретарот на Град Скопје, и “Хороскоп” од Унгарија се платени 800 илјади евра повеќе.
Според Мицкоски, злоупотребата од оваа набавка е околу половина милион евра.