Од сите страни на меѓународна заедница пристигнуваат обвинувања дека исклучително е криминална власта дека има огромно присуство на криминал и корупција. Интересни, а помалку и смешни и комични делуваат оние изјава на министерот за внатрешни работи којшто е министер 7 години, дека сега требало да се реагира многу брзо и да се отвори фронт против криминалот и корупцијата наместо, да каже се повлекувам бидејќи не успеав во тоа. А најинтересно и најкомично делува од политичката партија којашто е 20 години дел од власта во Македонија, а тоа е ДУИ којашто вели е сега е моментот кога ќе се борат со криминалот и корупцијата. Ниту имаат намера , ниту ќе се борат. Зошто? Затоа што се ортаци со криминалците и затоа што се корумпирани, објави на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.