-Не знам дали беше двоен данок мислам дека зборуваше за кризен данок. Денеска го слушнав Заев дека ретерира дека нема такво нешто, така што мислам дека треба да си се усогласат па потоа да излезат со ставови. Она што се шпекулира е дополнително зголемување на акцизата за нафтата што ќе предизвика инфлација и дополнителна негативна спирала наместо онаа позитивна која што ја најавуваат, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше и за поскапувањето на електричната енергија која оваа влада предводена од СДСМ има во план да ја спроведе и истакна дека тоа е катастрофално. Тој укажа дека од овие политичари не очекува ништо освен лаги, пљачка и криминал.
-Катастрофално. Се сеќавате како правеа цела недела прес конференции во Владата, пред Владата, позади Владата за воведување на ефтината тарифа. Денеска граѓаните не само што ја платија ефтината тарифа туку и три пати повеќе ја натплатија. Мислам јас не очекувам ништо од овие политички измамници, само лага, пљачка и криминал, тоа е она кое што можам да го очекувам, нема визија, нема стратегија, буквално нема ништо кое што може да направи подобри услови за живот на нашите граѓани и да го крене стандардот на живот на нашите граѓани, додаде Мицкоски.