По повод 11ти Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, утре во 10:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе.

Во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, во 11:00 часот, Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески ќе изврши увид на изградба на водоводна канализација кај местото Пашовски ливади.

Во 11:45 часот ќе се изврши увид на градежни активности на Плоштадот во Прилеп.

По завршување на настанот во 11:50, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.