Ако прашањето е дали протестот и активната блокада е нужност, јас ќе ви кажам дека ќе бев посреќен доколку Ковачевски прифатеше дијалог со опозицијата, ако покажеше подготвеност за разговор за решенија кои му ги понудивме преку тимовите во 4 клучни области, и ако сето тоа да го проверевме пред граѓаните на избори,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.
Тој објаснува дека одбивањето на Ковачевски за дијалог предизвикало реакција преточена во активна блокада, засилена со голем граѓански протест, каде ќе порачаме дека премногу е од сѐ што досега видовме од оваа власт, дека молкот не е опција и дека ие време за промени кои ќе донесат иднина.
Не сум човек кој импровизира и сум човек кој сака да биде точен. Не сум човек кој прибегнува кон радикални методи, но понекогаш заострувањето на делувањето е нужност, кога власта има целосно отсуство на разум. Одбран е 18-ти јуни како датум кој треба да биде меѓник помеѓу првиот и вториот дел од нашите активности, кои ќе бидат континуирани во текот на летото. Ние тргнавме во рушење на оваа власт затоа што изборите се решение на проблемите кои стануваат преголеми и сеприсутни.Блокадата ќе продолжи и нема да глумиме нормализација, затоа што и реалноста која ја живееме не е нормална. Воедно, митингот е на само неколку дена пред самитот на Советот на ЕУ, каде сѐ уште не се знае каков резултат може да се очекува, затоа што опозицијата се држи во целосен информативен мрак од страна на власта. Но тоа воедно значи дека не секој договор со источниот сосед ние ќе го поддржиме, и во таа насока сериозно ќе се елаборира секој член и преземена обврска.