-Досега бев на часови на факултет, сега ќе ја дознаам вистината што се случува, кажа Мицкоски пред влезот на Собранието.
Седницата за прашањето за доверба на Владата е повторно прекината за еден час.На барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, седницата за прашањето за доверба на Владата беше повторно прекината за еден час.
Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако денеска во Собранието не дојде пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.