-Во насока на доследно спроведување на проектите ветени пред граѓаните кои добија апсолутна поддршка на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон формирање на работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на истите.

Во програмите “Гарантираме” се опфатени точно 14. 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прецизираат дека со нивните програми се предвидуваат 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела.

Во работното тело кое кое ќе ги надгледува реализациите на проектите се Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски.