Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук објави дека остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, поранешен претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска.

Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот, напиша Мицкоски.

Посочи дека со Туск договориле понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на земјата.

 

Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија г. Donald Tusk, кој воедно беше поранешен…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, May 12, 2021