Мицкоски истакна дека тутунарите се крајно понижени и оставени на цедило од оваа власт со недостоинствена и мизерна просечна цена на тутунот.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот ВМРО-ДПМНЕ е народна партија тутунарите се еден од нашите главни приоритети тоа сме го покажале многу пати во минатото. За жал денеска тутунарите се понижени од страна на оваа власт. Просечната цена добив информација не надминува 107 денари за килограм продаден тутун што претставува една катастрофа општа. Тоа што им беше ветувано од оваа влада за жал не е испорачано, дополни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ како партија се обврзува да го врати достоинството на тутунарите и дека ја очекува нивната доверба и на претстојните локални избори и потоа на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски дополни дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт доаѓаат подобри времиња за тутунопроизводителите каде правично и достоинствено ќе биде вреднуван нивниот труд.

– Она кое што ние се обврзуваме е повторно да го вратиме достоинството на тутунопроизводителите и тие да бидат луѓето кои што ќе бидат задоволни од политиките и на централната и на локалната власт. За жал сега како опозиција многу малку можеме односно да предложиме определен закон кој што претпоставувам ќе биде одбиен од страна на владиното мнозинство но затоа ја очекуваме нивната доверба најпрво на локалните избори а потоа на предвремени парламентарни избори каде што ќе ја поразиме и локалната и централната власт на СДСМ и доаѓаат подобри времиња и за нив односно времиња каде што секој тутунопроизводител ќе се чувствува достоинствен и горд со тоа што производот кои што го произведува има достоинствена цена и за него и за неговото семејство, кажа Мицкоски.