Мицкоски додаде дека денес во Собранието, пратеничката група се состои и од пратеници на кои што им е прв мандат.
– Во Парламентот имаме една пратеничка група која 90% е на пратениците им е прв мандат. Нормално е дека имаме и неколкумина поискусни поради потребата од институционалната меморија, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ако се погледнат кандидатите сега за градоначалници може да се увиди дека повеќе од 95% за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните во општините во кои што тие се кандидираат.
– Ако ја погледнете структурата на ВМРО-ДПМНЕ комисиите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, ако ги погледате општинските комитети ќе видете дека тоа се луѓе кои што за прв пат се дел од тие структури, рече Мицкоски.