Она што е чувството на терен и вистинските бројки е дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена во прашање. Тоа е крајот на оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ. Јас сум убеден не само затоа што граѓаните тоа ќе го кажат, туку затоа што едноставно не сме сите исти, дека сме различни, дека тоа што ние го нудиме е еден нов квалитет, луѓе кои за прв пат ќе ја бараат довербата од граѓаните. Не сме сите исти, ние водиме на анкетите, но најважно е да создадеме иднина за народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со Зоран Заев во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
Јас сум убеден дека тоа граѓаните ќе го препознаат, бидејќи сосема спротивно на тоа е она што го нуди СДСМ. Практично повторувачи, луѓе кои ја имаат изневерено довербата на граѓаните и ќе претрпат пораз, рече Мицкоски.
Тој укажа дека со ова ќе се делегитимира оваа неспособна влада.
Неколку сценарија се во игра. Математичките калкулации да ги оставиме на страна. ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе градоначалници од СДСМ, ќе освои повеќе гласови и на советнички листи и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде победник на овие избори, кажа Мицкоски.