Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Mицкоски е импресиониран од резултатие што ги остварува МАСИТ во пандемиски услови.
Обртот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади кои што се во моментот и сите овие бројки се споредено со минатата 2019 година во раст би рекол двоцифрен 10 и повеќе проценти. Извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот кои што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот што го оствариле, е околу 12 и пол милиони евра, рече Мицкоски по средбата во МАСИТ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека недостасува е соодветната клима и поддршка од Владата. Тој додаде дека предизборните ветувања за даночната политика и работните односи во ИКТ секторот не биле исполнети.
Потребно е да се стимулираат овие компании, потребно е да се стимулираат, а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања. Длабоко убеден и како инженер и како универзитетски професор, дека општество кое што нема да биде дигитализирано се доведува под знак прашалник и неговото постоење како такво општество.