Тој на вчерашниот брифинг изјави дека врз основа на информациите и сознанијата кои ги имаат основано се сомневаат дека се работи за братот на премиерот Зоран Заев, Вице, кој во записникот е посочен како Вице Н. (непознато презиме). Но иако беше искажан сомнеж, братот на Заев веднаш се јави со изјава, а покуси не останаа ниту СДСМ кои испратија соопштение до медиумите обвинувајќи дека Мицкоски а отвори уста лаже.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, дојде денеска пред Обвинителството за да ги достави документите за кои тврдат дека се доказ за тоа дека записникот од исказот на оштетените е променет, ја повика шефицата на организиран криминал Русковска да побара исказ и од Вице Заев.

 

– Ова е тест за обвинителството. Оттука бараме ЈО да почне да си ја работи работата и веднаш да ги повика Вице Заев, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и Оливер Спасовски,да ја прибави целокупната документација и да постапи согласно закон, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека во првичната верзија која била доставена од поранешниот началник во МВР Лазе Велковски до Русковска, било изјавено дека Вице Заев преку Васко Ковачевски барал средба со сопствениците на фирмата за да му дадат 250 илјади евра. Тој вчера за Канал 5 изјави дека се работи за шпекулација за негово лично оцрнување, а Мицкоски не проговорил на прес конференција пред камера бидејќи се плашел од тужба.