Оваа глупост е врвот на глупостите. Не постои држава во која децата нема да имаат можност да имаат в рака хартиена форма на учебник. Имајќи предвид дека имаме околу 250 000 ученици и десетина проценти, како што кажаа од владата, немаат дома компјутери, тоа значи дека 25 000 дечиња нема да имаат можност да добијат соодветно образование, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека законот е моментално повлечен од Собрание, но оти ќе го вратат со европско знаменце.

Нека не си играат со оган, порача Мицкоски.