Во однос на оставката на секретарот Драги Рашковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вели дека оставка треба да си поднесе цела криминална Влада, а Драги Рашкоски оддамна треба да биде таму каде што припаѓа, односно во затвор.
Не може службеник со плата од неколкју стотици евра и професор на факултет да поседува и да гради хациенда и да летува во Мексико во ек на пандемија , и да се вози со нови џипови ако се негови, така објавија медиумите. Ако сето ова се потврди дека е точно, ова е уште еден срам и блам на оваа Влада. Оваа лице (Драги Рашкоски) беше едно од најблиските соработници на Владата, тогаш којзне што се случува со овие другите, срамота е ова што се случува. Она кое што можам да кажам е дека се срамам што вакви луѓе се мои колеги иако сме на различни факултети“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, по средбата на УП на МАСИТ.