Тој во својот говор алудира на кандидатите за градоначалници на СДСМ во општините во Град Скопје – Аеродром, Бутел, Центар, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Аеродром – синот од стеблото Филиповци, дел од транзицијата. Таткото, поранешен пратеник и директор на аеродромите во Македонија. Чичкото, поранешен министер за економија(дел од приватизацијата). Другиот чичко, еден од директорите на „Охис“ – компанија чиј крај ни е познат. Бутел – Таткото на градоначалникот Велимир Смилевски, еден од директорите на „Жито Лукс“, кој придонесе за пропаѓањето. Центар – Кандидатот за градоначалник е син на директоротна Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, кој го намести пописот во 2002-та година. Ѓорче Петров – Александар Наумовски, син на Бранко Наумовски, народен правобранител, потоа претседател на Уставниот суд. Кисела Вода – Кандидатот за градоначалник е син на Зоре Темелковски, пратеник на СДСМ и еден на најбогатите бизнисмени со капитал стекнат во деведесеттите, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Мицкоски истакна дека на овие избори, се води борба на народот против корумпираниот систем.
– Тие се во политиката за моќ и пари, јас сум за да создаваме нова иднина за сите генерации! Има разлика. Различни сме во моралот, во делата, историјата, и во намерите.
Дали ова е најдоброто за Скопје?
Дали ова е најдоброто за Скопје? Ако во деведесеттите владееше олигархијата на СДСМ, сега Заев како политичка опција ги нуди децата на луѓето од тоа време, да се борат за функции…
Аеродром – синот од стеблото Филиповци, дел од транзицијата.
Таткото, поранешен пратеник и директор на аеродромите во Македонија. Чичкото, поранешен министер за економија(дел од приватизацијата). Другиот чичко, еден од директорите на „Охис“ – компанија чиј крај ни е познат.Бутел – Таткото на градоначалникот Велимир Смилевски, еден од директорите на „Жито Лукс“, кој придонесе за пропаѓањето.
Центар – Кандидатот за градоначалник е син на директоротна Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, кој го намести пописот во 2002-та година.
Ѓорче Петров – Александар Наумовски, син на Бранко Наумовски, народен правобранител, потоа претседател на Уставниот суд.
Кисела Вода – Кандидатот за градоначалник е син на Зоре Темелковски, пратеник на СДСМ и еден на најбогатите бизнисмени со капитал стекнат во деведесеттите.
Тие се во политиката за моќ и пари, јас сум за да создаваме нова иднина за сите генерации! Има разлика. Различни сме во моралот, во делата, историјата, и во намерите.
Ова е борба на народот против корумпираниот систем!
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, October 9, 2021