– Продолжуваме и утре во исто време, на исто место, помеѓу 15 и 17 часот. Нашето единствено барање е Нацрт документот по кој што двоецот Заев – Бучковски преговара со официјалната Софија. И ние сме вознемирени и имаме причина и имаме право зошто сме вознемирени бидејќи од сериозни дипломатски извори од Брисел и од Софија стигаат информации кои што навистина се алармантни за македонскиот народ, македонската нација, би рекол и македонската држава“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Вели дека овој момент е исклучително значаен за иднината на Македонија и македонскиот народ бидејќи ако овој договор кој што планира двоецот Заев – Бучковски да го одобри и тој истиот документ да биде дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ тогаш тоа е ништо повеќе односно тоа е еден вид на асимилација односно бугаризација на македонскиот народ.