Мицкоски додаде дека кога ќе се гледаат митинзите на СДСМ, може да се заклучи дека истата плоча од претходните избори од 2020-тата година, од претседателските избори 2019-тата, од локалните 2017-тата, па дури и од 2016-тата година ја вртат. Од СДСМ заборавиле дека се на власт пет години, говорат на митинзите како се уште да се опозиција, за се ВМРО-ДПМНЕ им е виновно.
– Од власта направија многу зулум, многу криминал, се обогатија на грбот на македонскиот напатен народ, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека секој ден се слуша како Зоран Заев на митинг само вика, писка небаре е опозиција. Митингот на СДСМ наликува како Николовски се јавува на Заев да го извести дека не нашол 29 килограми расипан путер туку како да нашол 290 тони расипан путер.
– 17-ти октомври е денот кога народот овој пат гласно ќе зборува, и народот овој пат ќе ги прати во политичка пензија, ќе имаме огромна победа на изборите, а потоа следи нова Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. И се разбира голема одговорност ќе има уште во првите 100 дена, вети Мицкоски.
Мицкоски рече дека зејтинот пред една година беше 67 денари за литар, а сега е 95 денари. Млекото да речеме беше 45 денари, а сега е 55 денари. Килограм брашно беше 34 денари, а сега е 40 денари. Токму цените покажуваат колку граѓаните најдобро живеат со СДСМ на власт.
– А, кога станува збор со тоа какво е однесувањето на првиот човек во Владата, на премиерот, само ќе ви дадам еден пример, пред некој ден бев во Ресен, таму тој го промовираше своето ново возило, најнова марка на БМВ. Тоа возило на премиерот чини отприлика 100.000 евра на пазарот, и со тие 100.000 евра точно можете во Ресен по онаа продажна цена на јаболка кое што денеска се откупува да купите ни помалку, ни повеќе точно 3 милиони килограми ресенско најквалитетно јаболко, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека според цената по која се откупува оризова арпа, значи дека за 100.000 евра колку што чини автомобилот на Заев може да се купи 400.000 килограми или 400 тони.