Говорејќи за надворешната политика на земјата, Мицотакис се осврна на односите со Турција, на источниот Медитеран, но и на регионот.
-Како што знаеш пријателе Шарл, нашата земја беше прва од југот на Европа и прва балканска земја што беше примена во заедницата. А од нашите претседателства, две се идентификуваа со проширувањата. Затоа, отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, секако секогаш во согласност со европското демократско законодавство, рече Мицотакис.
Грчкиот премиер и претседателот на Европскиот совет, во изјавите по средбата ја истакнаа важноста на европскиот дигитален сертификат, кој претходно беше и официјално презентиран, а говореа и за Фондот за закрепнување.