Апелациониот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето за случајот „Титаник 2“ за 13 април, додека делото од обвинението на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков за овој случај истекува на 7 април.
Причина за одложувањето на судската седница денеска беше отсуството на четворицата обвинети меѓу кои Мендух Тачи, Влатко Сајковски, Анета Стефанова и Сашо Срцев. Судијата Ѓоко Ристов, пак, рече дека нема докази дека обвинетите прифатиле редовна покана за денешната седница.
Присутни беа обвинетите Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими. Последниот нагласи дека иако не ја добил поканата за денешната седница, слушнал дека има седница и се појавил.
Делото на ексдиректорот на УБК практично му застарува на 7 април. Ова значи дека на него нема да му се суди за изборните нерегуларности.